Korab Mountain

Korab Mountain

Сезоната 2012/13 прв пат добив идеа дека би требало некогаш да одам на Кораб. Подвигот не би бил мал, но гледајќи ја планината сигурно би бил многу исполнувачки. Тогаш турно и freeride сцената уште беше млада и малкубројните луѓе кои се движат во оваа сцена во тој период уште се развиваа и надградуваа, се возевме блиску, најчесто на Попова Шапка (Антени, Задни Јелак, Син Врв, Бакардан)или на Убава и Остри Врв кај Патишка река во правец на Солунска Глава.. Немав појма како би се извело тоа, кога, каде и со кого.

On the way to Korab

2013/14 бев на Љуботен за Нова Година, заедно со луѓето он нашата група snowflake guerila. Истата сезона ја поминав со често одење на Брезовица, на северната страна на Шар Планина во Косово. Многу добри 20 денови поминати на сплитборд, со добра дружба, многу учење и собирање искуство. Идеата да се качам на Кораб и да го освојам и најголемиот врв во Македонија цело време ми се вртеше низ глава, но најверојатно не било дојдено вистинското време за таков подвиг. Приоритет ни беше да ги искористиме колку што може повеќе сончевите денови за возење, одлколку за некоја потешка авантура која би не одвоила целосно од цивилизација.

Korab
Таа сезона во Македонија сцената почна значително да расте, а заедно со неа и во многу брз ритам растеше и мојата желба да искусам недопрени места на планините. При крајот на сезоната 2014, цело време мислев на Голем Кораб. Не знам зошто баш толку мислев на овој врв, ама најверојатно ме влечеше дивината на планината, грандиозноста и големината. Предизвикот што го претставуваше овој врв, кој важи за ризичен предел преку зимата ме поттикнуваше дополнително. Во секој разговор со луѓе кои се дел од сцената или се занимаваат со планинарство, секогаш владееше некоја мала непријатност и страво-почит . Се зборуваше за голема опасност од лавини, ризици од пролизгување, далечината, но сето тоа само повеќе ме привлекуваше и идеата полека почна да зазема конкретни форми.
На почетокот на сезоната 2014/15 Стефан Додич, кој дотогаш возеше snowboard изрази жебла дека сака да си набави splitboard и тогаш веднаш знаев дека оваа сезона со него ќе го качиме Кораб. Стефан и јас веќе долго време се дружиме и 4 години возиме заедно планински велосипеди. Со него имаме поминато, не само денови во дружба на планина, туку и деликатни ситуации со кои што одлично сме се справувале. Уиграни бевме со нашите карактери и бев сигурен дека ако тргнам на Кораб, Срефан без мислење ќе дојде со мене. Сезоната се развиваше одлично, бевме неколку пати заедно на Церипашина, возевме некои интересно страшни места и се посигурно беше дека оваа ќе биде сезоната во која што ќе одиме накај Кораб.

Прогнозата за Вторник, 17.03.2015 покажуваше дека викендот ќе не почасти со супер временски услови. Веќе се возбудив, пеперутки ми летаа во стомакот и веднаш го прашав Стево дали би оделе. Не ни дозборев, тој веќе мислеше на што се би ни било потребно за екскурзијата. Почнавме да се спремаме подетално. Проверка на времето, испитување на теренот, повик кај Точко за информација за патеката кај Караула Стрезимир. За зимски GPX се обратив кај Константин Циривири, инструктор на семинарите за планински водачи, во кои што и ние учествуваме. Како што почна да кружи муабетот дека се спремаме за Кораб се собраа уште петмина. Иван Јакимовски и Марија Петковска, кои ни се пријатели од snowboard-возење и Васил Трендафилов, вискогорец кој ми пиша на Вибер (Каде во сабота?), штотуку вратен од Копаоник. Од нигде никаде во Работилница се појави Горан Рафајловски по препорака на Мето за ски-сервис и изрази желба да ни се придружи. Тоа ни беше голем плус, затоа што Горан го имаше качено Кораб во зимски услови во 2010 со турно. Ова не охрабри уште повеќе и не направи порешители. Горан дојде заедно со Ивица и двајцата претерано пријатни ликови. И да не должам многу, дојде САБОТАТА 21.03.2015, случајно и ден на пролета. Сликите и снимките ќе ви објаснат се, затоа што не можам ни да опишам со зборови колку исполнувачко чувство беше искачувањето и спуштањето на највисокиот врв во Македонија.

Korab Freeride Splitboard

Иван Јакимовски, Стефан Додиќ и Гоце Таневски пред Пирк

DCIM101GOPRO

Гоце Таневски, Стефан Додиќ, Марија Петковска и Иван Јакимовски на врвот Голем Кораб.

DCIM101GOPRO

Гоце Таневски, Стефан Додиќ, Марија Петковска и Иван Јакимовски пауза пред возењето во шума.

DCIM100GOPRO

Стефан Додиќ цврсто гази на новиот Jones Solution.

DCIM100GOPRO

Гоце Таневски, Ивица и Иван.

DCIM100GOPRO

Горан Рафаиловски

DCIM100GOPRO

Васил Трендафилов, Горан Рафаиловски и Ивица

DCIM100GOPRO

Горан и Ивица

DCIM100GOPRO

Васил Трендавилов

DCIM100GOPRO

 

DCIM100GOPRO

Горан, Ивица, Васил и Гоце

DCIM101GOPRO

DCIM101GOPRO

Марија

 

Видео:

2 Comments

  1. Alal da vi e!!Bravo!!

    • Fala, Mite!